Живот
23. August 2017 - 10:30

Крвава пресметка пред суд: Судија го изрешетал својот напаѓач во двобој како на вестерн филм

Судијата Џозеф Бразис Џуниор (65) од огнено оружје го усмртил Натаниел Ричмонд која на него испукал пет куршуми во пресметка пред зградата на судот во Стубенвил (Охајо).

Во пукањето е ранет и самиот судија Бразис, кој итно со хеликоптер е префрлен во болницата во Питсбург. Неговата состојба е стабилна и се наоѓа вон животна опасност.

До пресметката како онаа во вестерн филмовите дошло во понеделникот околу 8 часот наутро.

Шерифот Фред Абдала потврди дека судијата и напаѓачот испукале по 5 куршуми, како и дека во пукањето учествувал и еден работник од обезбедувањето.