Македонија
6. March 2017 - 13:43

Крвава ноќ во Тетово: Го заборавил Фејсбукот па го избоделе со нож

Во 19 часот и 30 минути во Тетово на улицата 133, синоќа настанала вербална расправија меѓу две групи на лица, и тоа од една страна 10-12 лица а од друга 6 лица кои се испотепале, при што на 21-годишниот Ѓ.Д. со нож му била нанесена убодна рана во пределот на левата надколеница.

Полицијата информира дека причина за крвавиот настан е тоа што Ѓ.Д му продал мобилен телефон на Е.Ц и не го исклучил фејсбук профилот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.