Балкан
4. May 2017 - 9:11

Крвава ноќ во Нови Пазар - едно лице изрешетано

Во Нови Пазар вчеравечер е убиен Џ.М. во близина на болница, соопштуваат белградските медиуми.

Убиено бил брат на имамот од една новопазарска џамија.

Осомничениот, кој веднаш по злосторството бил уапсен, го извршил убиството со пиштол, а како што неофицијално се дознава, тој го признал злосторството, велејќи дека тоа го направил поради расправија со убиенот.