Свет
15. February 2019 - 14:01

Крвава љубовна драма во Виена: Жељко нарачал пијалок од Виолета, па и пукал во глава

Келнерка со потекло од Србија, 48- годишната Виолета Ј. се наоѓа во кома откако поранешното момче Босанец Жељко Б. и пукал во глава среде улица во Виена.

Жената го преживеала нападот, иако првичните извештаи наведуваа дека починала.

Според австриските власти, таа е осма жртва на злосторство направено од страст од почетокот на годинава.

Според тамошните медиуми Жељко навратил во кафеварот каде што таа работела и нарачал пијалок од неа. Сведоци велат дека изгледал мирно. Го испил пијалокот и не направилникаков проблем. Меѓутоа откако и завршила смената, Вилоета сакала да оди на пијалок во друг кафе бар „Кафе Зеро“ а тој ја следел.

Дваесетина минути подоцна, Жељко го извадил пиштолот и и пукал во глава. Олиена во крв паднала на земјата, а тој испалил и куршум кон себе, пукајќи си во глава.

Очевидците повикале брза помоша жената е пренесена во болница, а тој загинал на лице место.

Според неофицијални сознанија Жељко ја напуштил сопругата со 4 деца поради Виолета, која нешто подоцна го оставила поради друг маж.