Македонија
24. July 2017 - 14:55

Крвава групна тепачка помеѓу скопјани и велешани на базен

Групна тепачка на велешани и скопјани со шипки од чадори за сонце.

Настанот се случи синоќа околу 19 часот на градскиот базен во Велес. Скопјанец на возраст од 21 година најнапред бил удрен со шише во глава од страна на непознато лице .

Од ударот момчето се здобило со  расекотина на десното око. По ова настанала групна тепачка, поради што  интервенирала и полицијата.