Крвав празничен викенд во Чикаго, во престрелки убиени 17 лица, меѓу кои и две деца
Изминатиот празничен викенд е еден од најкрвавите во историјата на Чикаго, бидејќи 17 лица го загубија животот, меѓу кои и седумгодишно девојче и 14-годишно момче, а уште 70 други лица се повредени, и покрај заедничките напори да се запре насилството со дополнителни 1.200 полицајци на улиците низ градот.
Насилството годинава беше многу полошо од минатата година, кога на празникот 4 јули беа убиени шест лица, а 66 беа ранети во престрелките низ градот, пренесуваат американските медиуми.
По релативно тивкиот петок, првата престрелка избувнала во саботата околу 7 часот наутро. Седумгодишната Наталија Валас за време на прославата стоела на тротоарот пред куќата на нејзината баба во западниот дел на градот, кога, според полицијата, осомничените излегле од автомобилот и отвориле оган. Детето било погодено во главата.
Околу три часа откако била убиена Наталија, група млади луѓе за кои се верува дека се членови на банда излегле од возило во населбата Саутвуд, на јужната страна од градот, и отвориле оган кон член на ривалска банда. Но, притоа, 14-годишниот Вернадо Џонс, кој бил во близина, бил погоден во пазувите од еден од куршумите испукани кон членот на бандата, кој и самиот загинал.
Овие смртни случаи следат по серијата престрелки низ САД во кои загинаа неколку деца, меѓу кои и шестгодишно момче во Сан Франциско, шестгодишно момче од Филаделфија, осумгодишно девојче во Атланта, 11-годишно девојче од Колумбија, во Мисури, и осумгодишно момче од Ховер, во Алабама.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност