Балкан
13. February 2017 - 10:45

Крвав пир: Ги заклал таткото и маќеата, сопругата се бори за живот

Милан А. со нож ја заклал маќеата (53) и таткото (55) и тешко ја ранил сопругата (38).

Како што пренесуваат австриските медиуми, Милан дошол во посета на родителите во селото Гансердорф по што се скарал со нив.

Во еден момент се фатил за ножот и прво ја нападнал маќеата, па таткото, а ножот два пати го забил и во сопругата, нанесувајќи и рани во пределот на абдоменот и горниот дел од телото. Таа со тешки повреди е пренесена во болница.

На злосторството присуствувал и неговиот син кој има само 11 години, а кога дошла полицијата Милан се заканувал дека и него ќе го убие.

Сепак детето успеало да побегне од рацете на таткото. Неофицијално, на целиот настан учествувал и полубратот на Милан (14) кои живеел со својот татко и маќеата.

Инаку ова српско семејство во Австрија живее над 20 години, а мотивот за злосторството не е официјално објавен. Полицијата не утврди дали и претходно имало кавги во семејството, а не се исклучува и дека убиецот бил ментално болен.