Македонија
27. September 2016 - 13:50

Крвав инцидент среде бел ден во Скопје

Во текот на вчерашниот ден во 15 часот и 30 минути во Скопје, на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“, Б.Ј.  А.Ј. и А.Б. биле физички нападнати од Ј.Н. и две непознати машки лица. Едното непознато лице со огнено оружје го удрило Б.Ј во пределот на главата, а А.Б. бил нападнат со тупаници и со остар предмет,  при што се здобил со расекотини во пределот на стомакот. На повредените им била укажана лекарска помош во Градската општа болница Св.„Наум Охридски“. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.