Свет
1. August 2018 - 21:28

Крв низ престолнината на Зимбабве: Мртви и ранети цивили по судирот на демонстрантите со полицијата и војската

Голем број вооружени сили на Зимбабве излегоа на улиците на главниот град за да ги растераат опозициските демонстранти од улиците, а како што јавува репортерот на српски Курир од самото место, војската излегла на улиците на Булаваја, втор по големина град во оваа земја.

Во нередите во престолнината убиен е еден маж, а повеќе демонстранти се ранети во пукањето.

Покрај војската која ја зазема контрола врз улиците во градот откако врз демонстраните претходно испали солзавец, видливи се траги од крв на повеќе места, како и чаури од испукани куршуми.

Неколку демонстранти се ранети, но официјално не е познат билансот од протестите кои крваво завршија.

Во текот на акцијата за преземање контрола над улиците кои ги блокираа демонстрантите, можеа да се видат и воени хеликоптери како го надлетуваат Хараре.

Да потсетиме, во текот на денот, поддржувачите на опозицискиот претседател Емерсон Мнандаве ги блокираа улиците во главниот град, поради незадоволство од резултатите од одржаните избори во понедленикот, па палеа огнови и фрлаа камења врз полицијата, по што најпрво беше употребен солзавец, а потоа и отворен оган врз нив.

Во Зимбабве претседател се бира врз основа на победата на парламентарните избори. Официјалните резултати за победникот на претседателските избори се очекува подоцна во текот на оваа недела, а според досега преброените места, партијата ЗАНУ-ПФ освоила 109 од 210 места во парламентот.

Извор: Курир.рс