Живот
28. February 2016 - 14:01

Крв на сите страни: Снимал интервју со војник кога куршум го погодил во грбот

Вознемирувачко видео од Сирија се шири на интернет, а на него се гледаат двајца облечени во војничка униформа.

Во еден момент започнува пукање, а жената од снимката, најверојатно новианрска се спушта на под.

Во следниот момент камерата паѓа на подот, и се слушаат крикови од камерманот кој е погоден во грбот од крушум. Камерата останува вклучена на подот, и продолжува да снима.

До ранетиот камерман доаѓа маж и го одвлекува од местото каде лежи, а на тлото се гледа крвата од погодениот камерман.

Засега не е познато дали преживеал.

Погледнете го видеото од пукањето во Сирија: