Балкан
7. March 2016 - 10:17

Крв на сите страни, пожарникари ги ваделе од возилото - Даниел починал во големи маки

Тагата за Даниел Тулимировиќ од Пожега не престанува. Тој загина, додека двајца негови другари се борат за живот, по страшната несреќа во која со својата Хонда, загубиле контрола и удриле во камен, па во бандера.

Несреќата се случила во петокот во 22 часот и 30 минути, кога младите момчиња, 17-годишниот Даниел, 18-годишниот Марко Станиќ и 21-годишниот возач на автомобилот Владан Чичовиќ, најверојатно поради голема брзина, загубиле контрола, излетале од патот, удриле во камен, се превртеле, па удриле во бандера. Сведоците на настанот велат дека на местото глетката била ужасна. Имало крв и делови од автомобилот на сите страни.

Сведоците кои се нашле на местото на настанот веднаш притрчале да помогнат. Момчињата од Ходната на смртта ги ваделе пожарникари.

Семејствата се неутешни.