Крв на плоштад: Тепачка меѓу црногорските навивачи и „Комити“
Вчера во 17.15 часот во Скопје на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир од поголем обем помеѓу навивачка група од Р.Црна Гора и друга група од навивачката група „Комити“.
Имено, навивачите на ЖРК Будуќност кои пристигнале во Скопје за да го следат ракометниот натпревар седнале во угостителски објект и по кратко време пристигнале неколку непознати машки лица.
Најпрво меѓу себе си размениле погрдни и навредливи зборови, а потоа си размениле удари со разни предмети кои им биле на дофат од терасите на угостителските објекти, односно се мавале со стаклени шишиња, метални и други предмети.
По кратко време навивачите на ЖРК Будуќност го напуштиле објектот и се упатиле кон хотел Холидеј Ин каде од страна на полициски службеници кои излегле на местото на настанот, биле пресретнати и застанати. При нарушувањето на јавниот ред и мир со повреди се здобил С.Т. (34) од Скопје, кој е пренесен во УЦ-Скопје.
Со телесни повреди се здобиле и две лица од Подгорица-Ц.Гора и тоа: Н.М. (21) и Р.Р. (36). Истите по укажаната лекарска помош во ГОБ-Скопје, се приведени во ПС-Кисела Вода.
Приведени се 23 лица - навивачи од Р.Црна Гора. На пет (5) лица од кои четири (4) црногорски државјани сочинети им се Записници за констатиран прекршок од „законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари“ за што им се издадени и платни налози.
Со лицето С.Т. (34) извршен е службен разговор и на истиот му е сочинет Записник за констатиран прекршок од истиот закон. Приведените црногорски државјани во 23.15 часот биле ослободени од ПС Кисела Вода и со придружба биле испратени до граничниот премин Блаце.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари