Македонија
10. September 2016 - 17:38

Крв на асфалтот - Сообраќајна несреќа на Водно

Две лица се потешко повредени во тешка сообраќајка која попладнево се случила на Водно. Очевидци велат дека во сообраќајката учествувал мотоцикл и велосипед. Од се уште неутврдени причини, велосипедот управуван од тинејџер се судрил со мотоциклот. Нa лице место веднаш дошла екипа на Брза помош и полиција. Повредените за кои очевидците велат дека се во тешка состојба и дека обилно крвареле веднаш се префрлени во болница, но нема информации за нивната состојба.

Полицијата врши увид а сообраќајот е во прекин.