Свет
2. јуни 2019 - 12:35

Крузер и туристички брод се судрија во Венеција, четворица повредени (ВИДЕО)

Четири лица се полесно повредени денеска при судар на крузер и туристички брод во Венеција, јавија италијанските медиуми.

Агенцијата Анса објави дека две лица се префрлени во болница.

Сударот се случил во каналот Џудека.

Противпожарната служба на Твитер соопшти дека ситуацијата е под контрола.