Македонија
25. January 2017 - 16:38

Крушево во чест на роденденот на Тоше Проески

Со изложба од десет нови фотографии, пет досега необјавени и пет од концертни настапи со публиката, како и со промоцијата на досега необјавената инструментална верзија на песната “Никада”, во Крушево се одбележа 36-тата годишнина од раѓањето на Тоше Проески. 
 
Во чест и спомен на прерано згасната ѕвезда,  во неговата Спомен – куќа се одржа и традиционалната крводарителска акција.
 
Бројни беа и фановите на Тоше, кои и денеска допатуваа од повеке земји.
 
Тоше Проески загина на 17 октомври 2007-ма година, кај Нова Градишка, Р. Хрватска. Роден е на 25 јануари 1981 година во Прилеп.