Македонија
18. March 2018 - 16:50

Крушево стана една од 10-те најдобри дестинации за параглајдинг во Европа

Крушево ова лето ќе биде сардисано од над 3.000 параглајдеристи од цела Европа. Веќе биле закажани околу 10 национални првенства на повеќе европски држави и други меѓународни турнири. Овие слики со стотици парагјадеристи кои делуваат како да изведуваат совршен танц во воздухот ќе бидат составен декор на градот од јуни па се до септември.

Македонскиот параглајдерист Мартин Јованоски кој ќе биде дел од организацијата на овие настани вели дека Крушево веќе котира меѓу 10-те топ европски дестинации за параглајдинг.

„Многу е иинтересно кога нивниот национален шампионат ќе се направи на место кое што не е толку познато за нивните локални пилоти, не го летаат секој ден и на еден начин е неутрален терен. Македонија е доста ефтина за посета, имаме доста атрактивни терени за летање, многу историја за посетување и е еден интересен сплет од натпреварувачки аспект и туристички аспект“, вели Јованоски.

Параглајдинг туризмот полека го завзема местото на зимскиот туризам во Крушево. Подготовките за напливот на туристи веќе биле започнати.

„Пројавуваат интерес и туе операторите кои од понеделник сакаат да дојдат во Крушево да ги закупат приватните сместувања, не само хотелските. Имаме голема поддршка од Агенцијата за промоција на туризмот, тие веќе издадоа повеќе цедиња и брошури за промоциција на Крушево“, изјави Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

- Според државниот завод за статистика лании Крушево го посетиле 30.000 туристи, за годинава се очекува тој број да биде 50.000, а најголем виновник за тоа ќе биде развојот на параглајдерството и екстремните спортови кои гии негува Крушево.

Од зголемиот број туристи секако најголем бенефиит ќе има крушевската економија, затоа ги повикуваат сите жители активно да се вклучат во промоцијата на Крушево.

„Заедно да се вклучиме и да им понудиме подобар престој на туристите оваа година вклучително тука се и параглајдерите, во интерес на подобар туризам и повеќе посетители“, истакна Сотир Габелоски, сектор за локален економски развој Крушево.

На полетувалиштето на „Мечкин Камен“ за брзо ќе се започнело со поставување на вештачка трева, а во план било и изградба на сала за состаноци, паркинг, како и нов старт лоциран во близина на постоeчкиот.