Крушево со снег, се чисти навремено
Крушево е со снег, наврнаа 19 сантиметри, најавувајќи ја зимската туристичка сезона.
Јавното комунално претпријатие „Комуна“ не е изненадено, велат. Екипите се на терен и се работи на расчистување на снегот и обезбедување пристап, полесно и безбедно движење.
Како што информира Станка Ефремова Трајкоска, в.д. директорка на јавното-комунално претпријатие, кипите прво ги расчистуваат улиците и пристапите од прв приоритет: пристапи до објектите од витално значење, како Здравствениот дом, образованите институции, и на делови од улици кои се поврзуваат со главната сообраќајница и со попрометните улици во градот. По расчистувањето на овие делови од градот, претпријатието, со асистенција на полициската станица и Општината, ќе ги расчистува улиците од втор приоритет.
– Во своето работење, „Комуна“ се организира исклучиво според програмата која ја носи советот. Исто така, ние правиме свои проценки кои, генерално се за обезбедување пристап до објекти од витално значење, главната сообраќајница, улиците кои се поврзуваат со главната улица и слично. Целосно сме подготвени за зимската сезона и веќе сме на терен и работиме, вели Ефремова Трајкоска.
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва
-
Со куфери и авионски билети приватните специјализанти протестираа пред Министертсвото за здравство