Loading Video...
Спорт плус
30. July 2019 - 16:03

Крушево домаќин на Светско првенство во параглајдерство

Крушево и Пелагонискиот регион годинава ќе бидат домаќини на Светското првенство во параглајдерство 
 
Од 5 до 18 август, во Крушево ќе се одржува параглајдерскиот Мундијал, на кој ќе биде присутна елитата од овој спорт. 
 
Над 150 натпреварувачи од 49 земји, ќе бидат дел од натпреварувањето, а бројката на официјални и неофицијални гости кои ќе бидат во Крушево, се очекува да биде над 300, а нашата репрезентација ќе биде составена од тројца успешни летачи.
 
-Агенцијата за млади и спорт во соработка со Воздухопловна федерација и Општина Крушево во изминатиов период беа организатори на повеќе меѓународни натпревари во параглајдерство, што условија и добивање на организација на натпревар во параглајдерство од светски размери, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.
 
Ова е можност за промоција на спортот, но и природните убавини на Крушево и Пелагонискиот регион, па оттаму и повикот до сите вљубеници во спортот да бидат дел од овој настан.
 
Стартните локации ќе бидат во Крушево на Мечкин камин, а во регионот на Прилеп, село Кривогаштани и регионот околу Битола се предвидени места за слетување и крај на трките.
 
Церемонијата на отворање на првенството ќе биде на 5 август попладне во Крушево во 18 часот.