Круемади:Ратификацијата на Преспанскиот договор е многу позитивен чекор за регионот
Ратифкацијата на Преспанскиот договор од страна на грчкиот Парламент го поздрави Моника Круемади, лидерка на третата по големина политичка партија во Албанија, Социјалистичкото движење за интеграција.
Таа на Твитер напиша дека ратификацијата на овој договор е многу позитивен чекор за регионот.
-Ратификацијата на Преспанскиот договор од страна на грчкиот Парламент, многу позитивен и значаен чекор за нашиот регион, за поголема интеграција, за зајакнување на мирот и за поголема стабилност. Тоа ги отвора перспективите за понатамошните интеграциски процеси меѓу земјите од регионот и целиот регион во Европската унија, напиша Круемади, која е сопруга на претседателот Илир Мета.
Ратификацијата на договорот ја поздрави и поранешнот шеф на албанската дипломатија и актуелен пратеник од Демократската партија, Тритан Шеху.
Тој оценува дека изгласувањето на Преспанскиот договор е „добра вест за двете земји“ и значаен чекор кон зајакнување на мирот и бебедноста во регионот.
Премиерот Еди Рама упати честитки за, како што вели, моите пријатели Ципрас и Заев за историскиот договор.Ратификацијата ја поздрави и спикерот на Парламентот Грамоз Ручи, демократскиот лидер Љуљзим Баша, Министертвото за Европа и надворешни работи, како и доскорешниот шеф на дипломатијата, Дитмир Бушати, кој ратификацијата на договорот ја оцени за историски момент за Балканот кој го отвора патот на Северна Македонија за членство во ЕУ и НАТО.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот