Круемади: Рама е во последните мигови на неговиот политички деспотизам
Претседателката на третата по голема политичка партија во Албанија, опозициското Социјалистичко движење за интеграција, Моника Круемади порача дека премиерот Еди Рама е во „последните мигови на неговиот политички деспотизам“.
Изразувајќи им поддршка на жителите погодени од проектот за изградба на големата обиколница во Тирана, таа вели дека ниту еден политички трик не може да го запре бунтот на граѓаните кои не бараат ништо повеќе од нивното право загарантирано со Уставот.
– Еди Рама и неговите алатки се обидуваат да им го одземат на Албанците едно од малкуте преостанати права, правото на протест. Со закани, злоупотреба на полицијата, со вулгарен јазик со кој им се обраќа на жителите на населбата „Астир“, тој залудно се обидува да ги спречи граѓаните да го бараат своето право, смета Круемади.
Таа го обвинува Рама дека е потонат во криминал и го нарекува поттикнувач на уништувањето на Албанија.
- Потонат во криминал, поттикнувач на уништувањето на Албанија, секојдневно измислува битки и имагинарни херои, за да го одвлече вниманието од протестите кои се повеќе ги разнишуваат темелите на власта на криминалот и на олигарсите. Духот на народните протести е најголем страв за диктаторите и како таков тоа го плаши и Еди Рама, кој со месеци управува само со кризата на инкриминираните пратеници и неговите клиенти кои се богатат со парите на Албанците, посочува Круемади.
Според неа, Рама, кој, како што вели, е премиер на криза, исцрпен од последователни скандали, сега е во последните мигови на неговиот политички деспотизам.
- Секоја минута, секој час и секој ден на протести против неговата влада е една цигла помалку во темелите на неговата разрушена влада, порача Круемади, која е сопруга на актуелниот албански претседател Илир Мета.
Претходно и лидерот на најголемата опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, откако обвини дека „криминалот ја убива Албанија“ ги повика албанските граѓани на протести низ целата територија на земјата.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка