Македонија
19. January 2016 - 10:43

Крстот од Охридското езеро го извади Петар Рупески

Меѓу стотината капачи кои запливаа по светиот крст во Охридското езеро најмногу среќа имаше варошанецот Петар Рупески.

Дваесет и шестгодишниот Петар Рупески од охридската населба Варош беше најсреќниот меѓу стотината верници кои денеска скокаа по Светиот крст што во осветените води на Охридското Езеро го фрли митрополитот на Дебарско-кичевската епархија Тимотеј.

Ова е третпат како му поаѓа од рака на Рупески да го фати Чесниот крст. Последен пат тој го фати крстот пред две години кога посака среќа во животот и вработување.

Инаку, иако времето во Охрид денеска беше сончево, требаше навистина да се биде одважен на шест степени Целзиусови под нулата да се влезе во студените езерски води чија температура според утринските мерења изнесуваше шест степени.