Македонија
9. July 2016 - 19:57

Kрштевка во Дојранскотот езеро и покрај предупредувањата за загадена вода во езерото се искапи и градоначалникот Стамов

Дојранчани тврдат дека водата во езерото е чиста и безбедна за капење. Во исправноста на водата е убеден и градоначалникот на општина Дојран Борче Стамов кој заедно со голем број негови сограѓани  денеска влезе да се изкапе во езерото.  Стамов и понатаму тврди дека водата во езерото никогаш не била почиста и вели дека ќе продолжи да доаѓа на градската плажа и да се капе во езерото.

,, Јас како и моите сограѓани од Дојран, а и сите вљубеници во Дојран продолжуваме да се бањаме. Денес и лично се уверив, сметам дека водата во езерото никогаш не била почиста. Сме се капеле во езерото кога буквално го немаше, кога беше во многу лоша состојба и ќе продолжиме да се капеме и ова лето,  а и во иднина. Убеден сум дека анализите  ќе покажат, сепак на крајот ќе излезе Дојранското езеро има одлична вода, чиста вода со одличен квалитет.,, рече Борче Стамов – градоначалник на општина Дојран

Непочитување на забраната за капење најавија и голем број жители на Дојран и многу туристи.

,, Во Дојран доаѓам уште од мојата втора година. Езерото не било никогаш почисто од тоа што е сега.,, вели еден од туристите

,, Овде сум пораснал, ниту инфекција, ништо не сум добил. Нон стоп сум во езерото, а и мојот мал внук од 2 години по пет пати е во ѓољот.,, рече жител на Дојран.

За квалитетот на водата не се загрижени и родителите на малите деца. Таков е примерот и со семејството Здравевски од Гевгелија кои денеска го крстија нив син Александар во водите на Дојранското езеро.  Велат идејата била заедничка со свештеникот, а се родила уште при крштевката на нивното второ дете.

,, Тоа беше иницијатива на свештеникот. Се договоривме ако има трето крштевањето ќе биде во езеро. Првото и второто ги крстивме во црква, а третото во езеро.,, вели Наце Здравевски – родител

,, По мој благослов беше. Јас им  дадов благослов да одите на трето, тие отидоа на трето. Нека се живи и здрави и ете решивме дека ќе биде крштевањето во езеро.,, вели отец Ѓорги Сламков

Забраната за капење на неколку плажи на дојранското крајбрежје беше донесена пред неколку дена од страна државниот санитарен и здравствен инспекторат. Одлуката седуваше откако последните анализи покажале дека водата во езерото на 4 места е загадена, а бактериолошката и хемиска неисправност била од 3 степен. На ваквото решение реагираа од општина Дојран и најавија  дека ќе побараат дополнителни испитувања.