Фудбал
9. October 2018 - 8:50

Крос: Според игрите, заслуживме повеќе бодови

Германскиот интернационалец во дресот на Реал Мадрид, Тони Крос, изјави дека неговиот тим требаше да има некој бод повеќе на своето конто, иако признава дека екипата се наоѓа во резултатска криза.

Тој потсетува дека Реал Мадрид и во изминатите три сезони се наоѓаше во слична ситуација.

- Според прикажаните игри заслуживме да освоиме повеќе бодови. изминатите две недели немавме и среќа да оствариме подобри резултати. Но што е, тука е. Одиме понатаму. Треба да се потсетиме дека и претходните три години бевме во слични ситуации. Голем предизвик е пред нас да излеземе од кризата во која евидентно се наоѓаме, изјави Крос.

Актуелниот европски шампион е во серија од четири натпревари без победа, но и без постигнат гол.

Во Шпанското фудбалско првенство, тимот од „Сантијаго Бернабеу“ се наоѓа на четвртата позиција со 14 бода, два помалку од лидерот Севиља и еден негатива од Барселона и Атлетико Мадрид.