-->
-->
Крокодил уби свештеник на крштевка: Предаторот излегол од езерото и го зграпчил кутриот човек
-->
Крокодил нападнал и усмртил протестански свештеник додека вршел крштевка во близина на езеро на југот на Етиопија, јавија светските медиуми.
Нападот се случил во неделата наутро додека свештеникот Дошо Ешет изведувал церемонија на крштевање на околу 80 лица во градот Арба Минч, пренесе Би Би Си.
Жителите и полицијата рекоа дека крокодилот скокнал од водата во текот на церемонија и го нападнал свештеникот.
Тој умрел од тешки повреди на грбот, рацете и нозете.
„Го крстеше првото лице во водата и пријде да го крсти второто. Наеднаш, крокодилот излезе од езерото и го зграби свештеникот, рече очевидец.
Мештаните со рибарски мрежи го спречија крокодилот да го однесе телото на свештеникот.
Полицијата соопшти дека крокодилот побегнал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремен дожд, грмежи и ветер
-
ПП-Демократска Бугарија го доби мандатот за формирање влада и веднаш го врати нереализиран
-
Пожар на дел од куќа во Кавадарци
-
Еден отстранет и дисциплинска за петмина полицајци за инцидентот пред тетовската болница
-
Пронајдено двегодишно девојче кое исчезна во Сиднеј
-
Им дал 800 евра а за возврат му ветиле дијаманти, измамен кумановец во Скопје
-
Избоден маж на Бит Пазар поради недоразбирање во сообраќајот