Македонија
15. July 2021 - 17:06

Крмов: Ќе ги блокираме сите закони на власта

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов најави дека Левица ќе ги блокира сите закони на власта а како причина ја посочи злоупотребата на европското знаменце, дискриминација на неалбанските пратеници оти добивале закони двојазично, а не само на македонски, и пуштањето на закони во скратена постапка.

„Зборуваме за закон донесен зад затворени врати меѓу Алијанса/Алтернатива и СДСМ, издејствуван преку блокада во Собранието. Самите Алијанса и Алтернатива се фалеа дека ќе пумпаат 70 до 80 илјади државјанства со овој закон, баш пред пописот. Овој закон беше блокирна од Левица на Комисијата за одбрана и безбедност и сега власта, на очиглед на јавноста, го враќа назад и го пушта со европско знаменце, само да помине шверцерски и не става пред свршен чин. Како може еден закон без европско знаменце одеднаш да стане со европско знаменце? Такво нешто е невозможно. Законот ја крши Европската конвенција за државјанства и мора јавна расправа“,  кажа Крмов.