Кризниот штаб на Град Скопје ја следи состојбата со врнежите
По најавите за поголеми врнежи на дожд, изминатово деноноќие екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, заедно со тимови на јавните градски претпријатија внимателно ја следеа состојбата поради опасност од поплави, пред се на т.н. “црни точки” на неколку локации и подвозници во градот.
Од Град Скопје, информираат дека, иако вчерашните врнежи во Скопје беа обилни и, според УХМ, изнесуваат 71 литри на метар квадратен, на терен на ниту една локација немаше појава на поплавување.
И во наредниов период, се наведува во соопштението, Штабот на Град Скопје ќе ја следи состојбата на терен и доколку има потреба, соодветно ќе интервенира.
По големите дождови и поплави коишто се случија на територијата на Скопје минатата година, Градот во соработка со ЈП “Водовод и канализација” започна голем проект за отстранување на т.н. “црни точки”, каде редовно по поголемите врнежи дожд се случуваа поплави, преку зголемување на капацитетите на постоечката и изградба на дополнителна атмосферска канализација.
Градот Скопје и екипите на ЈП „Водовод и канализација" во изминатиов период ја подобрија атмосферската канализација на надвозникот на булеварот „Гоце Делчев“ (под Стоковната куќа „Мост“), на подвозниците на булеварот „Киро Глигоров“ (кај објектот на „Бриколаж“), кај подвозникот на улицата „Павел Шатев“, на улуцата „Финска“. Во моментов се интервенира и во Ченто каде што со реконструкцијата и проширувањето на улицата „Маџари“ се поставува и нова атмосферска канализација, а се интервенира и на улицата „Боца Иванова” во Бутел, каде се гради нова атмосферска канализација за да се надминат поплавите кај подвозникот.
Вкупната инвестиција за решавање на проблемите на сите 10 критични места е околу 2 милиони евра, потсетуваат од Град Скопје.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари