Кривопаланечките планинари на акцијата „Пирамида и три манастира“
Десетина планинари од Здружението за планинарење и заштита на планината „Калин Камен“, Крива Паланка вчера учествуваа на планинарската акција „Пирамида и три манастира“, организирана од Планинарско друштво „Куманово“.
Акцијата ја реализираа вкупно околу педесет планинари од Куманово, Крива Паланка, Скопје, Штип и околните општини.
- Акцијата се спроведе во променливо време, сончево со повремени врнежи, но беше успешна. Ги посетивме манастирите во кумановските села Градиште, Габрош и Скачковце и ја искачивме пирамидата на врвот Бела ѕвезда. Акцијата започнува во селото Градиште, крај патот Куманово-Свети Николе, со старт пред манастирот Свети Ѓорѓи, лоциран под самиот врв на Градишки рид, на 800 метри надморска височина, информира Соцко Тасевски од ЗПЗП „Калин Камен“.
„Пирамида и три манастира“ е традиционална планинарска акција на пријателите од ПД „Куманово“ која година се одржува по трети пат.
- Од стартот се оди низ шума се до манастирот Света Петка во селото Габреш. Од тука се качува кај блокот ораници Островица каде е лоцирана и Пирамидата. Патеката оди на врвот на пирамидата Бела Ѕвезда, по што се спушта до село Скачковце и манастирот Света Троица како крајна точка на акцијата. Целата патека е долга 18 километри и е маркирана со планинарски ознаки, додава Тасевски.
Истакна дека според Годишната програма на ЗПЗП „Калин Камен“ за мај се планирани и искачувања на Солунска глава и Титов врв, а тековно почнуваат и подготовките за искачување на Триглав во јули.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете држави
-
ДЗС и Народна Банка потпишаа договор за соработка и размена на податоци
-
Oрбан: Грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир
-
Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата