Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 му го укина притворот на Митко Чавков
Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 денеска му го укина притворот на Митко Чавков и ја прифати дадената гаранција во недвижен имот како мерка за негово присуство во судската постапка за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. На Чавков му е одземена патната исправа и има обврска еднаш неделно да се јавува во Судот.
– Кривичниот совет на Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Кривичниот суд постапувајќи по предлог на одбраната на М.Ч. опфатен во обвинителниот акт поврзан со настаните од 27 април 2017 година, во Собранието на Македонија, донесе решение со кое го прифати предлогот за определување мерка за обезбедување присуство – гаранција во недвижен имот, со кое по правосилноста на решението и запишување на гаранцијата, мерката притвор ќе се укине, а заради обезбедување присуство во текот на постапката се определуваат и мерки за претпазливост, односно привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање нова, како и обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува во Судот, се наведува во соопштението од Кривичниот суд.
Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков беше вратен во притвор на 28 март, еден ден откако Врховниот суд го пушти од Истражниот затвор Шутка во куќен притвор. Причината за неговото враќање во притвор, како што образложија од Кривичниот суд било тоа што тој самоволно ја сменил локацијата за издржување домашен притвор.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари