-->
-->
Кривичниот совет ги одби жалбите за притвор на Јовановски и Милески
-->
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје ги одби жалбите за притвор на Бојан Јовановски и Зоран Милески.
Како што соопшти Кривичен суд, постапувајќи по жалби изјавени против решенија на судија на претходна постапка од 15 јули 2019 година, Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје денеска одржа седница на која по ценење на наводите во жалбите како и фактите и аргументите во предметот донесе одлука со која жалбите ги одби како неосновани, а решенијата на судија на претходна постапка ги потврди во целост.
Кривичниот суд на 15-ти овој месец го прифати предлогот на ОЈО за организиран криминал и корупција и им определи 30 дневен притвор на двајцата осомничени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата