Македонија
20. April 2017 - 16:28

Кривични за загадувачите во Струга - стружани излегоа на протест

Струга се дави во чад. Од депонијата се шири непријатна миризба

Струшката депонија оддалечена само еден километар од градот, со години го труе туристичкиот центар и претставува потенцијална опасност за ширење зарази.

Непријатната  миризба и чад која што се шири ги крена на нозе граѓаните,тие денеска протестираа пред советот на општината  загрижени за сопственото здравје бараат  да се реши проблемот со депонијата.

На вонредна седница ќе се бара решение за депониајта која гори веќе десетина дена.

Станува збор за децениски проблем за кој сеуште не е изнајдено соодветно решение.Граѓаните поднесоа и кривични пријави за енормно загадување .

Инаку од општина Струга велат дека со пари од ИПА фондовите ќе гради депонија за југозападен плански регион.

Од посочените 12 локации како најсоодветна била  издвоена една во Дебрца за што била отпочната постапка за изработка на физибилити студија.