Македонија
23. September 2020 - 15:15

Кривични за тројца жители на струшко Мислодежда поради илегална сеча на дрва

Тројца жители на струшкото село Мислодежда заработија кривични пријави за илегално сечење дрва.

Полициски службеници од СВР Охрид, овластен шумочувар и шумски полициски службеник вчера околу 11 часот во атарот на село Црвена Вода на територијата на Општина Дебрца ги затекнале лицата Р.Б.(20), Б.Џ.(40) и Ј.Б.(40), сите од струшкото село Мислодежда, во неовластена сеча и кражба на дрва на простор сопственост на Јавното претпријатие „Македонски шуми“.

На лице место биле пронајдени околу 15 метри кубни исечени дрвја, како и седум коњи натоварени со дрва. Настанот е документиран, направен е записник, а против нив се поднесени соодветени кривични пријави.