Кривични за две лица кои праќале писма на вработен во ОВР Дебар
Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривични пријави против дебарчанец и жител на Струга, за сторено кривично дело „демнење“.
-Поднесена е кривична пријава против Р.И.(43) од Дебар и Т.Б.(30) од струшкото село Корошишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Пријавениот Р.И. своерачно напишал повеќе анонимни писма со лажна и тенденциозна содржина, со користење на лични податоци на лице вработено во ОВР Дебар, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Според него на 22 јуни годинава Р.И. му ги предал писмата на Т.Б., кој, како помагач и соизвршител на делото, писмата ги доставил во поштата во Струга и ги пуштил на неколку службени адреси.
-Со ваквото постапување, пријавените кај оштетениот предизвикале психичка вознемиреност и чувство на несигурност, додаде Димоски.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Кртови кои ги издаваат полициските акции ќе има уште кратко и сите ќе одговараат
-
Мицкоски очекува Ахмети да биде повикан на распит за да каже каде е Груби
-
Реновиран дел од Клиниката за психијатрија
-
Земјоделците ја поздравија исплатата на заостанатите субвенции
-
Преглед на вестите од светот
-
Ахмети: Груби не е во бегство, но нема да се појави пред одмаздничка правда
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Антикорупциска комисија
-
Коцевски не знае каде избегал Груби, но „кртот“ за акцијата не бил обвинителство