Македонија
1. February 2019 - 10:22

Кривични пријави за тројца дилери на дрога

СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.Р.(30) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 18 октомври минатата година година во Велес, во населба „Тунел”, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и пронашле и одзеле хероин.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.А.(29) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги” и против Х.Е.(33) од село Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’.

На 15 септември минатата година околу 00.30 часот на регионалниот пат Тетово – село Пирок, полициски службеници извршиле преглед на пријавените и возилото во кое биле и пронашле и одзеле марихуана.