Македонија
6. November 2018 - 16:35

Кривични пријави за шверцери со артефакти од Штип

27 годишен штипјанец со иницијали Г.А. заработи кривична пријава заради злосторничко здружување и прикривање. Имено, од јули до септевмри годинава, како член на злосторничко здружение кое го формирале 3 лица на возраст од 46, 65 и 70 години, континуирано разменувал информации за археолошки предмети пронајдени претходно или во наведениот период.

- Штипјанецот остварил контакт со прво осомничениот заради продажба на архелошки предмети кои претходно ги пронашол, со намера да бидат препродадени на црниот пазар-стенд ап

Пред 12 дена од пријавениот се одземени бакарна фигура и монета, кои претавуваат културно наследство. Претходно, одделот за организиран и сериозен криминал ги осомничи и тројцата организатори на групата, како и уште 11 лица, за злосторничко здружување, присвојување и извезување во странство на археолошки предмети.