-->
-->
Кривични пријави за наркодилери фатени во Скопје, Гостивар и Струмица
-->
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.П.(42) и Ф.П.(51), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 26. минатиот месец на улица „Петре Георгиев“ во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домовите на пријавените, при што пронашле и одзеле хероин и марихуана.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.М.(24) од с.Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 31. минатиот месец на ул.„Никола Тесла“ во Гостивар полициски службеници извршиле претрес на А.М., при што пронашле и одзеле марихуана.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против К.Џ.(33) и К.А.(25), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 18. минатиот месец на улица „Ленинова“ во Струмица полициски службеници извршиле преглед на второпријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин, а при преглед на Т.Т. од Струмица пронашле и одзеле кокаин, кој претходно го набавил од второпријавениот.
По преземени мерки било утврдено дека истиот ден во Струмица второпријавениот го купил кокаинот од првопријавениот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти