Македонија
27. January 2021 - 16:21

Кривични пријави за две лица за тргување со оружје и дрога

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.В.(30) од Сарај, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против О.Р.(31) од с.Чегране, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори“. На 24.06.2020 во Гостивар, полициски службеници запреле патничко возило „бмв“, сопственост на Е.В., а при преглед на возилото бил пронајден пиштол „застава М57“ калибар 7,62x25 мм со рамка и осум куршуми и ќеса со остатоци од кокаин. Истовремено, извршен бил и преглед во патничко возило „мазда“, во кое се превезувал О.Р., при што бил пронајден и одземен кокаин.