Македонија
17. April 2021 - 12:04

Кривични пријави за две лица поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Р.Х.Р.(30) од с.Лисичани, општина Пласница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. На 30.12.2020 во Кичево, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Надворешната канцекларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против А.В.(18) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 24.06.2019 во место викано „Драчевик“, полициски службеници одзеле канабис.