Кривични пријави за две лица од струшко за вршење такси превоз без лиценца
Две лица од струшкото село Радолишта добија кривични пријави поради вршење јавен превоз без лиценца.
СВР Охрид соопшти дека при контрола на полициски службеници за безбедност во патниот сообраќај З.М.(59) и С.Г.(44) биле затекнати при превоз на патници без да поседуваат лиценца за вршење на општински такси превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај.
– ОВР Струга поднесе кривична пријава против З.М.(59) и С.Г.(44), двајцата од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола на 20 октомври годинава на улицата „Маршал Тито“ во Струга, полициските службеници ги затекнале при превоз на патници, и тоа првопријавениот со такси возило „Мерцедес“, а второпријавениот со такси возило „Сеат“, без да поседуваат лиценца за вршење на општински такси превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер