Македонија
6. August 2018 - 17:03

Кривични пријави за двајца битолчани за инцидентите на Мечкин Камен

Двајца битолчани заработија кривични пријави за инцидентот на прославата на мечкин камен. 24 и 19 годишни момчиња ќе одговараат пред законот за предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска основа. Во прилепската полиција на распит се повикани повеќе лица за кои од МВР велат дополнително ќе бидат поднесени кривични пријави.

Лицата биле дел од навивачка група која организирано присуствале на прославата велат од мвр.

За овој случај истрага води јавното обвинителство во Прилеп.

- Со кривичната пријава на двајцата осомничени, жители на Битола, заедно со засега се уште непознати лица, им се става на товар дека за време на прославата употребувале говор на омраза кој бил забележан на видео запис и емитуван на една од националните телевизии.

Според членот 319 став 1 од Кривичнот законик  на двете лица им се заканува казна затвор од 1 до 5 години