Кривични пријави за двајца адвокати од Штип
Две кривични пријави против двајца адвокати од Штип, поднесе Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, до ОЈО Скопје осомничени за вкупно шест кривични дела, сторени на идентичен начин, и тоа по две дела - “злоупотреба на службена положба и овластување“, “злоупотреба на лични податоци“ и “фалсификување исправа“.
Како што соопшти МВР, Љ.С. (58) и Н.Н. (42) од Штип, се сомничат дека незаконски прибавиле вкупно 2.397.964 денари и го оштетиле Буџетот на Р.Македонија – Министерство за внатрешни работи за вкупна сума од 3.173.268 денари.
Имено, пријавената Љ.С. во својство на адвокат, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, во текот на 2012 и 2013 година повела работни спорови пред Основен суд Штип, против МВР за неизвршена уплата на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување во име на 18 полициски службеници и без нивно знаење изготвила фалсификувани полномошна за застапување, кои своерачно ги потпишала, притоа злоупотребувјќи ги нивните лични податоци и поднела тужби за наплата на неисплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, на додатокот на плата за кое претходно биле донесени правосилни решенија.
Исто така, во неколку случаи изготвила и договори за правна помош, склучени наводно помеѓу нејзе, во својство на наредбопримач и барателот, во својство на наредбоавач при што ги потпишала и ги приложила кон тужбата заедно со фотокопија од лична карта на наводниот тужител. По завршувањето на постапките, а заради наплата на придонесите и наградата за извршената работа, од страна на пријавената бил ангажиран извршител кој постапувал по нејзините барања за извршување и за себе и за адвокатот ги пресметувала трошоците и наградата за извршените извршни дејствија, при што дополнително бил оштетен Буџетот на РМ – МВР.
Со наведеното, пријавената за себе незаконски прибавила 379.371 денари и го оштетила Буџетот на РМ – МВР за вкупна сума од 476.246 денари.
Пријавениот Н.Н., адвокат од Штип, искористувајќи ја својата службена положба и овластување во текот на 2012, 2013 и 2014 година повел работни спорови пред Основен суд Штип, против МВР за неизвршена уплата на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување во име на 106 полициски службеници и без нивно знаење изготвил и своерачно потпишал фалсификувани полномошна за застапување, злоупотребувајќи ги нивните лични податоци, и поднел тужби за наплата на неисплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, на додатокот на плата за кое претходно биле донесени правосилни решенија.
Во неколку случаи, тој изготвил и договори за застапување склучени наводно помеѓу него во својство на давател на адвокатски услуги и барателот, во својство на примател на адвокатски услуги, ги потпишал и приложил кон тужбите заедно со фотокопија од лична карта на наводниот тужител. По завршувањето на постапките, а заради наплата на придонесите и наградата за извршената работа, од страна на пријавениот биле ангажирани четири извршители кои постапувале по неговите барања за извршување и за себе и за адвокатот ги пресметувале трошоците и наградата за извршените извршни дејствија, при што дополнително бил оштетен Буџетот на РМ – МВР. Со наведените дејствија пријавениот за себе незаконски прибавил 2.018.593 денари и го оштетил Буџетот на Македонија – МВР за вкупна сума од 2.697.022 денари.
Оштетени лица вработени во МВР од страна на двете пријавени лица- адвокати претходно, во текот на 2010, 2011 и 2012 година биле застапувани во други постапки за што тие уредно им дале Полномошна за застапување кои своерачно ги потпишале, за кои спорови биле донесени правосилни судски пресуди.
Од страна на ЕЕКК при СВР Скопје врз основа на наредби и барања на ОЈО – Скопје, од Основниот суд во Штип и од извршителите, четворица од Штип и еден од Свети Николе во оригинал е одземена целокупната документација по предметите, како и од „УНИ БАНКА“ АД Скопје, „СТОПАНСКА БАНКА“ АД Скопје и „ПРО КРЕДИТ БАНКА“ АД Скопје, од каде е обезбедена комплетна документација за пријавените.
Инаку, според крим евиденцијата на МВР во претходниот период против Н.Н. се поднесени кривични пријави за сторени кривични дела - “загрозување на безбедноста на сообраќајот“, “прикривање“, “измама“, “оштетување туѓи права“, “злоупотреба на службена положба и овластување“, “фалсификување исправа“ и “употреба на исправа со невистинита содржина“.
Ново на Сител
-
Не само ПМ честичките туку и бројни хемикалии во загадениот воздух влијаат на здравјето
-
Тема на денот со Маргарита Цаца Николовска
-
Агелер: Ако ние обезбедивме докази за Груби и Беџети, можат и македонските власти
-
Голема полициска акција: Уапсени над 20 лица за криминал тежок 6,5 милиони евра
-
ДУИ со една реченица ја поздрави одлуката на Стејт Департментот, не запираат рекациите
-
Објавени документи пред утрешната одлука на Уставниот суд за јазиците
-
Протест во Скопје за спас од загадениот воздух
-
Предлог буџетот за следната година на пленарна седница