Македонија
19. March 2020 - 11:33

Кривични пријави за десет лица кои не ги почитуваат мерките за време на епидемија

СВР-Битола поднесе кривични пријави за петмина битолчани, а Одделението за внатрешни работи Прилеп за четворица прилепчани за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Од СВР-Битола информираат дека поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, кое согласно закон е казниво, поднесени се кривични пријави против пет лица, и тоа Р.Р., П.Р, Е.Р, Б.Р, С.Р, сите од Битола, додека Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривични пријави против четири лица, и тоа Т.Т(38), С.Т(68),Т.А(55) и А.Б(44), сите од Прилеп.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(63) од Охрид. Вчера, при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, полициските службеници констатирале дека пријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не се придржува кон мерките за 14-дневна самоизолација. Пријавениот, на 17.03.2020 година, кога со авионски лет од Холандија пристигнал на Меѓународниот аеродром „Скопје“, своерачно, под полна морална, материјална и кривична одговорност потпишал изјава дека доаѓа од земја која според Листата од СЗО е зафатена од коронавирус COVID – 19 и дека во времетраење од 14 денови во неговиот дом во Охрид ќе спроведе
задолжителна самоизолација.
Пријавените за време на пандемија пристигнале во државата од ризични држави, при што при влез во државата од страна на Државен санитарен и Здравствен инспекторат им биле издадени писмени Решенија за домашна изолација, кои тие не ги почитувале.