Македонија
25. October 2015 - 14:08

Кривични пријави за четворица кумановци осомничени за купопродажба на дрога

СВР Куманово со кривична пријава до Основното јавно обвинителство-Куманово ги спроведе лицата И.М. (29), Д.П. (21), Т.И. (31) и Р.М. (19) сите од Куманово  поради основано сомнение дека прво, второ и трето пријавениот сториле кривично делo „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, додека четвртопријавениот е осомничен дека сторил кривично дело „помагање“. 

Како што соопшти денеска МВР, на 20-ти овој месец откако првопријавениот И.М. бил во друштво со Д.П. договориле заедно со четвртопријавениот Р.М. купопродажба на дрога од лице од село Сингелиќ. По ова му се јавил на третопријавениот Т.И. да се сретнат за да ги превезе до Скопје во населбата Ченто. Откако стигнале на паркинг плацот на маркет во Скопје, пристигнало зесега непознато лице со возило, со кого  И.М. и  Р.М. се состанале и по краток договор, непознатото лице и Р.М. заминале со патничко моторно возило, додека Т.И. и Д.П останале да чекаат на паркингот. По околу 15 минути Р.М. се вратил со една најлонска ќеса, со наркотична дрога марихуана која му ја предал на И.М. На регионалниот пат Арачиново-Куманово, во близина на село Никуштак, патничко моторно возило марка „Шкода Фабија“ со кумановски регистарски таблички управувано од Т.И. било сопрено од страна на полициски службеници од СВР Куманово, при што И.М. ја фрлил ќесата од возилото, што било забележано од страна на полицијата.

Пријавените се лишени од слобода и приведени во просториите на СВР Куманово. По претходно добиена усмена наредба издадена од Судија на претходна постапка при Основен суд Куманово,  од страна на полициски службеници на СВР Куманово, извршени се претреси во домовите на пријавените, при што кај Д.П била пронајдена една дробилка со остатоци од непозната растителна материја која била одземена со потврда за привремено одземени предмети. Одземените предмети се доставени до ОКТ при МВР на РМ и по извршено вештачење е утврдено дека се работи за наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 506,2 грама.

По спроведена постапка од страна на Судија на претходна постапка на прво и четвртопријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, и тие се спроведени во КПУ Затвор Куманово-с.Кшање