Кривични пријави за четири скопјани за недозволена трговија со дрога
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе две кривични пријави против четири лица поради основано сомнение за сторено кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
Во првиот случај поднесена е кривична пријава против две лица во врска со заплена на 3,4 гр. метилен-диоксиметамфетамин (МДМА).
Како што информира МВР, на 06.07.2014 година, околу 23 часот по добиено сознание за купопродажба на наркотична дрога на ул.„Струмичка“ во населба Чаир, бил приведен Д.Н.(22). Од страна на полициски службеници од СНТД биле превземени мерки и активности при што по извршениот преглед кај него во дланката на десната рака пронајдена била една таблета во кружна форма со портокалова боја и втиснато лого во форма на „дијамант“, а наркотичната дрога ја набавил од лицето С.М.(22) за неутврдена цена. Одземената таблета е предадена во МВР за вештачење и по извршеното вештачење утврдено е дека се работи за 3,4 гр метилен-диоксиметамфетамин МДМА.
Во вториот случај поднесена е кривична пријава против лицата А.Ф.(45) и М.Д.(33), двајцата од Скопје.
Во текот на месец март 2014 година М.Д. од првопријавениот А.Ф. по претходен договор набавил наркотична дрога кокаин во количина од две полиетиленски пакувања со нето маса од 0,71 грама по цена од 4.000 денари, со цел наркотичната дрога кокаин да ја препакува во помали полиетиленски пакувања за понатамошна продажба и стекнување на противправна имотна корист.
Купопродажбата е извршена на 01.03.2014 година во населба Ново Лисиче, каде што веднаш по купопродажбата, од страна на полициските службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, бил извршен преглед над М.Д. и при тоа пронајдени се и одземени две полиетиленски пакувања исполнети со бела прашкаста материја. Одземената прашкаста материја е предадена во МВР за вештачење. И по извршено вештачење утврдено е дека се работи прашкаста материја-кокаин со вкупна нето маса од 0,71 грама.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок