Кривични пријави за четири лица за неовластено прислушување и тонско снимање
Кривична пријава против четири лица за неовластено прислушување и тонско снимање, поднесе надворешната канцеларија за криминалистички работи при Полициска станица Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп.
Според ОЈО, против лицата Љ. П. (55) од Тетово, Г. Н. (49) од Прилеп, Т. М. (44) од Битола и Г. Т. (51) од Прилеп постои основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено прислушување и тонско снимање“, бидејќи на 4 април годинава на јавен собир во Прилеп организиран од движењето „Бојкотирам“ пуштиле тонска снимка од разговор помеѓу две лица за која постои основа на сомнение дека е неовластено тонски снимана.
– Прво пријавениот одржал говор каде во еден момент побарал од второ пријавениот Г.Н. да пушти на лап-топ компјутер, кој пак бил приклучен на озвучување тонска снимка од разговор помеѓу две лица. Втората аудио снимка, од страна на прво пријавениот е пуштена последователно на ист начин. Предметните тонски снимки се пуштени за преслушување за присутните учесници на собирот, како и за лицата кои по пат на интернет на социјалната мрежа “Фејбук“, во живо го следеле настанот кој бил пренесуван од второ, трето и четврто пријавените преку нивните мобилни телефони во реално време, се наведува во соопштението од ОЈО.
Следниот ден лицата Љ. П., Г. Н. и Т. М. се задржани во Полициска станица Прилеп и извршен е претрес на нивните домови, а за прво пријавениот е извршен претрес на неговото возило „цитроен ц4 кактус.
Одземените предмети, како што се наведува во соопштението, меѓу кои мобилни телефони, мемориски картички, УСБ стикови и друга електронска и компјутерска опрема се доставени за вештачење во МВР, а од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика е доставен прилог ДВД со документирани профили на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Ново на Сител
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО