Кривични пријави за бесправна сеча на дрва и нелегален транспорт
Референт за превоз и дотур во придружницата шумско стопанство „Бабуна“ од Велес, С.С. (49), е осомничен дека на лицата Р.И. (26), Џ.И. (32) и Ќ.Б. (23) им овозможил легално да превезат бесправно исечени 7,5 метри кубни огревно дрво - бука.
Против сите четворица Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје во декември минатата година во оперативната акција „Гора“ поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека пријавените сториле седум кривични дела.
Според МВР, откако тројцата пријавени бесправно исекле огревно дрво бука, С.С со својот потпис и со печат на ЈП Македонски шуми-ПШС „Бабуна“ Велес, заверил испратница во која внел невистинити податоци иако знаел и бил свесен дека жигосал и овозможил утовар на дрва во товарно моторно возило марка „Застава“ со велешки регистарски ознаки. Испратницата со невистинита содржина му ја дал на второпријавениот Р.И. кој додека го возел камионот бил сопрен и контролиран од полициски службеници од единицата АЛФА и Шумската полиција.
На овој начин С.С им овозможил на другите тројца пријавени да се стекнат со противправна имотна корист воедно оштетувајќи го Буџетот на РМ со 51.000 денари.
Ново на Сител
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај