Македонија
21. May 2019 - 16:31

Кривични пријави за 4 лица поради неовластено прислушување и тонско снимање

Скопскиот бизнисмен Љупчо Палевски и уште тројца членови на движењето Бојкотирам заработија кривични пријави. Полицијата ги сомничи за неовластено прислушување и тонско снимање, а пријавата следи откако на 4 април годинава за време на изборната кампања, организирале  граѓански собир во Прилеп каде на разглас пуштиле неколку прислушувани разговори на актуелни  и поранешни функционери.

  Предметните тонски снимки се пуштени за преслушување за присутните учесници на собирот, како и за лицата кои по пат на интернет на социјалната мрежа “Фејсбук“, во живо го следеле настанот кој бил пренесуван од второ, трето и четврто пријавените преку нивните мобилни телефони во реално време, се вели во писменото соопштение.

Палевски пак вели за кривичната пријава дознал утрово преку медиумите.  

На граѓанскиот собир во Прилеп вели дека објавиле телефонски разговори кои се јавно достапни на социјалните мрежи.

За неовластено прислушување и тонско снимање кривичниот законик предцидува парична или казна затвор од 1 година.

Мвр во меѓувреме истражува и кој се крие зад псевдонимот Илија Громовник кој пред 6 дена на социјалните мрежи објави телефонски разговор од пратеникот Павле Богоевски, а два дена пред изборите за шеф на државата истиот корисник објави материјали од досега необјавени телефонски разговори од актуелни и поранешни функционери.