Кривични пријави против две лица за недозволена трговија со дрога
Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, поднесе две кривични пријави до надлежното Основно јавно обвинителство - Скопје против Д.Т.(28) и М.Ѓ.(24), поради основано сомнение дека, во два одвоени случаја, сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ.
Пријавените подолг временски период, односно од втората половина на 2017 година и почетокот на 2018 година, неовластено од непознати лица набавувале наркотична дрога и психотропни супстанции, ги чувале во своите домови, каде ги препакувале и ги продавале на корисници во главниот град.
Со претходно обезбедена судска наредба извршен е претрес во домот на лицето Д.Т. во Скопје и притоа се пронајдени 272 грама марихуана и 75 грама хашиш. Извршен е претрес и во домот на М.Ѓ. каде се пронајдени и одземени 95 грама марихуана.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето