Македонија
29. November 2020 - 16:32

Кривични пријави по вчерашните инциденти меѓу навививачи од Штип и Кавадарци

Физичка пресметка помеѓу навивачките групи „Фаланга“ од Штип  и „Лозари“ од Кавадарци вчера попладне пред почетокот на второлигашкото фудбалско дерби Брегалница – Тиквеш.

Инцидентот се случи во близина на градскиот стадион на Штип, на кружниот тек на „Дујлето“, кога дојде до судир на двете групи, на што им претходеа вербални закани од двете страни.

Полицајците, кои во тој момент се најдоа на лице место, се обидоа да интервенираат и да ја спречат пресметката, но во еден момент еден од нив во намера да му помогне на лицето кое лежеше на земја и го удираа со стапови и тупаници беше удрен со тврд предмет и погоден со факел во главата. За кратко време пристигна полициско засилување и беше спречен потежок инцидент.

Против дваесет годишниот Н.Д и една година постариот Х.Ѓ. и двајцата од Кавадарци кои го нападнаа полицаецот е поденесена кривична пријава за напад врз службено лице. Во текот на вчерашниот ден индентификувани се 17 лица учесници во тепачката и повикани се на информативен разговор.

Фудбалската федерација натпреварот го прогласи од висок ризик, а штипјани апелираа „Лозари“ да не доаѓаат. За да не бидат блокирани од полицијата, навивачите од Кавадарци пристигнаа со автомобили.