-->
-->
Кривична за тетовецот кој се обиде да го прободе работодавецот на неговата поранешна сопруга
-->
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.С.(28) од тетовско село, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „загрозување на сигурноста“.
На 13.07.2020 во продажен објект во тетовско село, дошол Д.С., почнал да ја навредува неговата поранешна сопруга, која работела во објектот и растурил прехранбени продукти во продавницата. Тогаш дошол сопственикот на продавницата, заедно со И.А.(59) и започнале вербална расправија со Д.С.
Пријавениот извадил нож и се упатил кон И.А. со намера да го повреди, но не успеал во намерата, по што го напуштил местото на настанот. Покрај ова, на 17.07.2020 година, Д.С. телефонски му се заканувал на сопственикот на продавницата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп