Македонија
6. October 2021 - 16:01

Кривична за тетовецот чиј коњ сам се движеше по автопатот Скопје-Тетово

Тетовската полиција поднесе кривична пријава за жител на градот чиј коњ се движеше неконтролирани долж автопатот Тетово-Скопје минатиот месец.   Сопственикот треба да одговора за кривично дело „предизвикување на општа опасност“.

-Секторот за внатрешни работи Тетово до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против 34-годишниот тетовец Н.К., поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“, казниво по член 288 од Кривичниот законик, се вели во информацијата од портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Пријавениот се сомничи дека на 21 септември годинава, во периодот од 14 до 14:30 часот, без надзор и контрола го оставил неговиот коњ со запрега, кој почнал да бега по автопатот Тетово-Скопје, односно да се движи во спротивна насока и да ја загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот.